epa11954689 Carlos Alcaraz of Spain wipes his face against Denis Shapovalov of Canada during the men’s third round match of the BNP Paribas Open tennis tournament in Indian Wells, California, USA, 10 March 2025. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Каде и да оди, сите го прогласуваат за главен фаворит, но тој нема освоено голема титула од јули, од Вимблдон. Станува збор за шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој вели дека луѓето премногу очекуваат од него.

– Штом губам, луѓето велат дека нешто пропуштам, и мислам дека тоа не е фер – објаснува 21-годишниот Шпанец за веб-страницата на Мастерсот во Монте Карло. – Повеќе се фокусираат на мене отколку на моите ривали. Задоволен сум од тоа како играм, тенисот не е само удирање на топката, туку и дали имаш други аспекти, како физички, психички…, кажа Алкараз.

На претходните два мастерси беше неуспешен. За првпат од 2021 година ги напушти Индијан Велс и Мајами, без титула од ниеден од тие два турнири. Тој вели дека титулите на Џек Дрејпер и Јакуб Менцик најдобро кажуваат колку е тенисот еднаков:

– Многу луѓе веруваат дека можев да играм подобро на овие турнири или да освојам повеќе купови, но јас не се согласувам. Мислам дека ждрепката во секое натпреварување е многу отворена и многу тенисери играат добро, кажа Шпанецот.

Од триумфот на Вимблдон, тој освои два турнира, двата од серијата 500, во Пекинг и неодамна во Ротердам.

– Навистина сум задоволен од мојата игра. Од почетокот на годината демонстрирам одличен тенис. Ако не победам, не значи дека не играв добро. Луѓето не размислуваат за тоа како играат моите противници, тие мислат само на мене.

Статистиката му оди во прилог, иако сигурно нема да го израдува. Кај тенисерите кои годинава одиграле најмалку десет меча, Алкараз има победнички процент од 78,9. Само Драпер е подобар со 81.3. Но, Алкараз бара титули, а не проценти.

– Само еднаш играв во Монте Карло и среќен сум што повторно сум овде. Почна земјената сезона и мислам дека многу тенисери можат да постигнат голем успех.

 

ИЗДВОЕНИ