Кога го прашав Палчо зошто ја уби само ги крена рамениците

ОЈО го читаше првиот исказ на Боре Видевски

1850

На денешното рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, надлежните обвинителки кои докажуваат киднапирања и убиства на суров начин, го читаа првиот исказ на обвинетиот Боре Видевски даден во ОЈО на 04-12-2023 кога го признал делото.

Во следниот исказ на 21-12 негирал вина исто како и денеска пред Судот. Во признанието рекол дека се приклучил во планот заради финасиска криза. Љупчо Палевски им споделил дека таткото на девојчето му кажал дека утрината на 27.11 ќе излезе сама.

Видевски за разлика од Манев изјавил дека требало да грабнат девојче, а не жена од 40 -на години.

“Велибор ја качи на рамо и ја стави во гепекот” кажал во истрагата Боре кој сега негира се што е поврзано со убиствата.

“Палчо ги уби со истиот пиштол, откако ја праша што и работат родителите, а таа кажа дека мајката ќе даде се што ќе побараат и оти има станови. Палчо слушнав како и пука во главата, а кога го прашав зошто ја уби, тој само ги крена рамениците”, кажал обвинетиот во првиот исказ.

Одејќи му во прилог негирањето, Палевски постави само три прашања, за разлика од испрашувањето на Манев. Во моментот прашува судијата Ивица Стефановски. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ