Коцевски за собраќајката во која загина Фросина Кулакова: „Ќе видиме во текот на постапката дали кривичното дело го сторил со умисла“

41

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

-Длабоко сочувство до семејството и блиските роднини на сега покојното девојче, навистина се работи за изгубен млад живот кој не може да се надомести со никаква казна. Ги убедувам граѓаните дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законските одредби, ќе биде транспарентно во оваа постапка, ќе знаат граѓаните како ќе се одвива и во која насока ќе одат доказите, рече Коцевски во телевизиско гостување.

Според Коцевски обвинителството ги разгледува сите можности во случајот со загинувањето на 22-годишната Фросина Ќулакова, вклучувајќи ја и можноста дека возачот Васил Јованов го извршил делото со умисла.

„Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат внимателно разгледани во текот на постапката“, рече Коцевски.

ИЗДВОЕНИ