Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ијзави вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој изјави дека има издадено наредба за приведување на нови седум полициски службеници кои во текот на утрешниот ден тие ќе бидат донесени во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а потоа и пред судија на претходна постапка.
Коцевски не откри дали се работи за актуелни полициски функционери.
Со ова, бројот на полицајци и началници кои се опфатени со истрагата за трагичниот пожар во илегалното „кабаре“ се искачи на 14.
Коцевски во емисијата истакна дека објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. Бил познат ина локалната самоуправа, бил познат и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат.
„Што значи дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот“, рече Коцевски.
Во однос на полициските службеници кои биле ноќта, додаде Коцевски, „јавното обвинителство сè уште собира докази зошто отишле, по чиј налог, што презеле и кога се случил пожарот“.