Кочани стана дива депонија на шест општини

194

Кочани стана дива депонија на шест општини кои своето ѓубре го фрлаат на кочанската депонија. Народниот правобранител денеска направи увид на депонијата која гори, а густиот отровен чад ги труе сите во околината. Потоа замина на средба со кочанскиот градоначалник.

Ана Симонова од здружението Грин вели дека Кочани и натаму ќе го прима ѓубрето од другите пет општини и истото ќе гори како и досега.

– Механизација нема, финансии исто така нема, а нема ниту капацитет Кочани да се справи со толку ѓубре – вели таа по заедничката обиколка со Народниот правобранител.  

Таа објаснува дека Свети Николе не чекаше да стане регионална депонија, туку изградба на фабрика за ѓубре за сите овие општини што е сосема различно.

– До таа фабрика за ѓубре треба да се изгради и посебен пат. Ниту пат има, ниту фабрика за ѓубре. На пример, од Кочани ѓубрето треба да се носи на претовар во Штип каде ќе се вршеше селекција. Ова важи и за сите други општини, но нема да се носи бидејќи после Штип и таа селекција нема каде да оди, односно нема фабрика за ѓубре. Штип не се глупи да прифатат ѓубре од шест општини – вели таа.

(С.Бл.)