Кочани доби ново фудбалско игралиште

28

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во Кочани го пушти во употреба новото фудбалско игралиште со вештачка трева, лоцирано во дворот на ООУ „Никола Карев“.

Ова игралиште е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура низ државата и за обезбедување на квалитетни услови за развој на младите спортисти.

Со неговата изградба, учениците од основното училиште, како и спортските ентузијасти од Кочани, ќе добијат современ простор за тренинг и за натпревари.

-Ова е уште еден успешно реализиран проект на Министесртвото за спорт со кој покажува дека нашата посветеност на спортот носи конкретни резултати. Веруваме дека вложувањето во спортската инфраструктура е вложување во иднината. Младите заслужуваат да имаат квалитетни спортски терени и можност да спортуваат, да се развиваат здраво и активно и да ги негуваат спортските вредности – истакна министерот Ристовски.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските активности во сите општини низ државата со реализација на зацртаните проекти и со континуирани вложувања во спортската инфраструктура.

ИЗДВОЕНИ