Книга: „Ѕвезди под клепките“ – за најзначајните животни прашања

21

„Ѕвезди под клепките“ на Николај Терзијски е можен одговор на некои од најголемите загатки на животот: каде, кога и како ја среќаваме љубовта. И како ја препознаваме? Дали во тоа ни помагаат ѕвездите што ни треперат под клепките?

Раскошен роман за најзначајните и најтешките животни прашања и дилеми. Повеќеслојна сага со три испреплетени приказни во кои палимпсестно се испишани најмалку уште толку, колку лични толку и универзални. Во нив треперат копнежи и разделби среде историски битки, премолчани зборови, неискористени можности и неодговорени прашањата: еден ли е светот или има мноштво светови во кои паралелно течат нашите животи? Постои ли во некој од нив нашата сродна душа и дали со неа ни се случува љубов на прв поглед? И дали таа љубов е способна да ја премости големата разлика во годините и да ги надмине сите пречки што ѝ стојат на патот?

ИЗДВОЕНИ