Започна плејофот во кошаркарскиот Еврокуп, а уште на почетокот од осминафиналето се случи првото големо изненадување, во кое романски Клиж славеше сензационално над Волвс по две продолженија, со резултат 100:99, и тоа на гости, за пласман во четврт-финалето.
Литванскиот клуб имаше константна предност во првите три четвртини, но Романците покажаа карактер кога беше најпотребно и приредија големо изненадување во Вилнус.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ксавиер Симпсон со 26 поени, 14 асистенции и шест скока, Дешон Стивенс додаде 17 поени и 10 скока, додека на спротвината страна прво име беше Ендрју Кауан со 23 поени, седум скока и 12 асистенции.
Во четврт-финалето, Клуж ќе игра против Валенсија, која заврши прва во групата Б.