КЛОП: „О, Господе, каков наслов ви дадов“

44
epa11353921 Liverpool manager Jurgen Klopp celebrates after the English Premier League soccer match of Liverpool FC against Wolverhampton Wanderers, in Liverpool, Britain, 19 May 2024. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Трофејниот германскиот стручњак, Јурген Клоп, и официјално беше претставен како шеф на глобалниот фудбал во Ред Бул. За време на својата прва прес-конференција на таа позиција тој гј коментираше и евентуалната казна кој му се заканува на Манчестер Сити.

Пред да ја преземе функцијата во Ред Бул, Клоп како менаџер на Ливерпул беше најголемиот ривал на Сити во борбата за титулата во Англија. До титулата во Премиер лигата стигна во сезоната 2019/2020, а во сезоните 2018/19. и 2021/22 тимот од „Енфилд“ заврши на второто место, само еден бод зад шампионот Сити. Не беше доволно неговиот тим да освои 97, односно 92 бода за титулата.

Сити моментално чека пресуда за наводно 115 прекршувања на правилата во Премиер лигата. Наводните прекршувања вклучуваат недавање точни финансиски информации за девет одделни сезони, недавање целосни детали за платите на поранешниот менаџер Роберто Манчини за време на неговите четири сезони во клубот, од 2009 до 2013 година, и не давање целосни детали за наградувањето на играчите. Сити, исто така, беше обвинет дека не соработувал за време на истрагата и не ги предал документите кои биле побарани во текот на пет сезони од 2018/19 година до 2022/23 година.

Исходот од судското рочиште ќе биде познат наскоро, најверојатно во март, а може да се случи клубот, доколку се докаже прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, да биде исфрлен од натпреварувањето и да му бидат одземени освоените титули. Можна казна е губењето бодови, што беше во случајот со Евертон минатата сезона.

Да потсетиме, УЕФА во 2019 година го исфрли Сити од Лигата на шампионите на две сезони, но Судот за спортска арбитража ја укина таа казна, а потоа беше обвинет за тајно финансирање.

Ако на Сити му се одземат титулите, Ливерпул ќе бара истите да му бидат доделени затоа што завршил на второто место.

Запрашан што би направил доколку исходот биде беше таков, Клоп одговори:

„Ако тоа се случи, веќе им кажав на луѓето што го сакаат тоа, само резервирајте ги летовите. Јас го купувам пивото. Ќе славиме што и да славиме. Ако времето е добро, забавата ќе биде во мојата градина. О Господе, каков наслов ви дадов. Ќе видиме, не следев баш се. Чудно ми е што кажавте дека се може да биде готово за два месеца. Ќе видиме“, изјави Германецот.

 

ИЗДВОЕНИ