Клиниката Жан Митрев соопшти дека е отворени и ќе пружи помош за секого кому му е потребна медицинска помош од настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.
-Во вакви моменти, кога зборовите се немоќни да ја опишат болката што ја чувствуваме, најважно е да бидеме заедно. Трагедиите нè потсетуваат дека човечноста, солидарноста и поддршката се најсилните нешта што ги имаме. Вратите на Клиниката Жан Митрев се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност, наведуваат од Клиниката.
Од оваа приватна клиника посочуваат дека веќе неколку лица од несреќата се згрижени кај нив, а на располагање ги ставаат и амбулантните возила на Клиниката за да се стигне до сите на кои им е потребна помош.