Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани – веќе е направен прием на тешко повредени пациенти

37
Фото:фб

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресурси се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

-Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти, наведуваат од болницата.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

ИЗДВОЕНИ