Легендарниот украински боксер Владимир Кличко. очигледно планира да стане најстариот шампион во историјата на боксот. Кличко на 25 март полни 49 години, па доколку се врати во рингот, веројатно би чекал да го собори рекордот на Бернард Хопкинс, кој ја држеше титулата со 49 години и 94 дена. Секако, би бил срушен и рекордот на Џорџ Форман, кој стана шампион во тешка категорија на 45 години.

Сепак, Владимир пред се треба да го официјализира враќањето и да ја добие борбата за титулата. Очигледно, неговата цел е титулата на ИБФ која ја држи Даниел Дубоа, бидејќи нема намера да се бори со својот сонародник Александер Усик.

“Имаше многу шпекулации за потенцијален кам-бек. Во овој момент, не сум премногу загрижен за разговорите за враќање во боксот, само ме загрижува како да ја вратам земјата од Русите”.

„Ќе кажам јасно и гласно. Никогаш не сум престанал да тренирам и ако дојде до борба, ќе бидам подготвен“, изјави Кличко.

На оваа тема за магазинот „Ринг“ зборуваше неговиот поранешен промотор и пријател Том Лофлер.

„Владимир е историска личност. Не сакам да шпекулирам во негово име, но од она што го разбрав, тој сака да се врати во борба за титулата“, изјави Лофлер.

Кличко доминираше во светот на боксот повеќе од една деценија, завршувајќи ја кариерата во 2017 година со пораз од Ентони Џошуа.

Има 69 професионални борби и има биланс од 64 победи и пет порази. Тој победи во 53 борби со нокаут.

 

 

ИЗДВОЕНИ