Клековски оптимистичен: Очекува до крајот на јануари да ги има сите лекови на Онкологија

15

Се очекува до крајот на јануари да бидат обезбедени сите недостасувачки лекови на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, изјави директорот на ФЗО, Сашо Клековски, за МИА.

Според него, четири од шесте дефицитарни лекови ќе бидат обезбедени преку анекси, еден преку донација, а за останатиот ќе се најде решение.

Клековски додаде дека денеска ќе се одржи состанок со клиниките за онкологија, хематологија и ИЈЗ за следење на пациентите и воведување регистри за скапи лекови, како што се во онкологија, хематологија и педијатрија. Планирано е воведување регистар за болни од хемофилија во трансфузиологија.

Тој очекува регистрите да бидат готови до средината на годината, со цел зголемување на транспарентноста и одговорноста во користењето на јавните средства, посочувајќи дека без тоа нема да се одобри зголемување на буџетот за 2025 година.

Во меѓувреме, пациентите на Онкологија се соочуваат со недостаток на биолошки терапији, како што се „atezolizumab“, „bevacizumab“ и други, со страв дека наскоро ќе недостигаат и други важни лекови.

ИЗДВОЕНИ