EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Екипата на Далас одигра одличен натпревар против Денвер Нагетс и, иако играа без Кари Ирвинг и Лука Дончиќ, за малку ќе го совладаа фаворизираниот Денвер.

На крајот, Нагетси славеа со 112:101, со пресврт во последната четвртина, при што Јокиќ имаше 19 поени, 18 скока и 9 асистенции, додека на другата страна се истакна Клеј Томпсон со 25 коша.

Но, не само што запиша 25 поени, туку Клеј Томпсон влезе и во историјата со надминување на 16.000 поени во кариерата. Тој испиша историја на 7:53 до крајот на втората четвртина, кога го постигна 14. поен и ја реализира третата тројка. Со тоа, Томпсон е 125. играч во историјата на кошарката кој го постигнал ова остварување.

  • Ова е одлично, но едноставно се прашувате колку е неверојатно Леброн да има 40.000 поени. Тоа е лудо. Секогаш кога нешто вакво се случува во НБА, тоа е посебен момент, изјави Клеј Томпсон.

ИЗДВОЕНИ