Доколку тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп останат на сила, Мексико ќе бара други трговски партнери, вклучително и Канада, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
Ако царините останат, „Мексико ќе стапи во контакт со Канада и други земји“, рече Шејнбаум.
Таа рече дека очекува утре да разговара со Трамп за тоа прашање, пренесува Ројтерс.