Вивиен, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, учествува како асистент во новиот мјузикл „The Outsiders“. Првата алка во мјузиклот е Џоли, а People дозна дека овој мјузикл може да се смета и за историски.
Имено, на плакатот кој го промовира мјузиклот, ќерката на холивудските ѕвезди се потпишува како Вивиен Џоли.
Бидејќи го нема презимето Пит, изгледа дека 15-годишната девојка избрала страна во дуелот.
Анџелина и Бред со години водат судска битка по болниот развод и тешките зборови.
Не е јасно дали Вивиен официјално го променила своето име.
Претставниците на Џоли и Пит не беа достапни за коментар – пишува People.