Ќе спиеме подолго, но денот ќе биде пократок: Наскоро почнува зимското сметање на времето

56

Зимското сметање на времето се префрламе секој последен викенд во октомври ноќта меѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето започнува последната недела од март кога времето се поместува еден час нанапред.

Годинава, ноќта меѓу 26 и 27 октомври, времето се поместува за еден час наназад, од 3 на 2 часот, што значи дека се враќаме од летно во зимско сметање на времето. Иако многумина веруваат дека поместувањето на часовникот го нарушува биоритамот, за некои нема да биде тежок преминот кон зимско сметање на времето, бидејќи ќе спијат еден час подолго.

Часовникот го поместуваме двапати годишно, а експертите велат дека поместувањето на часовникот напред или назад може да предизвика одредени здравствени проблеми.

Како што покажаа некои студии, овие промени може да ги нарушат природните циклуси на спиење во нашето тело, што има влијание врз физичкото и менталното здравје.

Летното сметање на времето во Србија е воведено на 27 март 1983 година, согласно одлуката на ЕУ, пред се заради очекуваниот економски бенефит, подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија. Сè уште не е постигнат договор за предлогот на Европската комисија за укинување на сезонското поместување на часовникот во последната недела од март, односно во октомври. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но членовите се уште не го усвоија.

Летното сметање на времето беше воведено во март 1983 година, согласно одлуката на ЕУ, пред се заради очекуваниот економски бенефит, подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија.

Сè уште не е постигнат договор за предлогот на Европската комисија за укинување на сезонското поместување на часовникот во последната недела од март, односно во октомври. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но членовите се уште не го усвоија.