„Ќе има ли нуклеарен напад?“ Платформа прима облози по ажурирањето на руската нуклеарна доктрина!

103

По ажурирањето на руската нуклеарна доктрина, во светот се зголеми загриженоста дека некоја од светските земји би можела да му нанесе таков удар на својот непријател, а платформата „Полимаркет“ понуди можност за обложување дали ќе има нуклеарен напад пред крајот на 2024 година.

Во понудата е наведено дека доколку нуклеарното оружје се употреби било каде во светот помеѓу 1 јули 2024 година и 31 декември 2024 година, облогот „Да“ е победник, пренесува „Униан“.

Според украинската агенција, процентот на луѓе кои се обложиле дека нуклеарен напад ќе се случи пред крајот на годината бил прилично низок.

Откако Путин ја одобри новата нуклеарна доктрина, луѓето почнаа почесто да се обложуваат дека тоа е можно (околу 15 отсто во просек), се вели во соопштението на „Полимаркет“, американска финансиска берза и најголемиот светски пазар за предвидувања, со седиште во Менхетен.

Забележано е дека од денес, 9 отсто од луѓето веруваат дека една од светските земји може да изврши нуклеарен напад пред крајот на 2024 година. Останатите се убедени дека тоа нема да се случи.

ИЗДВОЕНИ