Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска седнаа на обвинителна клупа во судница и сите негираа вина за делата за кои се товарат.
Ниту еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не се чувствува виновен. Иако претходно, дел од обвинетите имаа признанија на вина при извршување на грабнувања и убиствата, тие сега, посочуваат дека ќе докажуваат дека немаат вина поврзана со сите дела.
„Не се чувствувам виновен“, рече првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.
Адвокатот на Велибор Манев рече дека тие ќе ги дискредитираат доказите, како и дека не учствувал во сите настани.
„Не се чувствувам виновен“, рече Велибор Манев кој го криеше ликот од јавноста.
И Боре Видевски ќе докажува дека не ги сторил кривичните дела.
„Не се чувствувам виновен за кривичното дело“, рече Боре Видевски.
Одбарана ќе дава и Влатко Кешишев.
„Јасна ми е содржината, јасно ми е за што сум обвинет. Не се чувствувам за виновен“, рече Влатко Кешишев.
Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кажа дека не гледа вина кај себе, како и дека се става на располагање на судот за да се расчисти случајот.
„Се ставам на располагање, наместо молчење“, рече Александар Ѓорчевски.