Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа ја собира една од најбогатите администрации во историјата на земјата.
Трамп назначи осум милијардери во својот кабинет, што може да доведе до една од најбогатите претседателски администрации во историјата“, пишува „Њузвик“.
За да ги намали трошоците и да ја реформира американската администрација, Трамп го ангажираше бизнисменот Илон Маск, кој заедно со уште еден милијардер Вивек Рамасвами ќе го води Министерството за подобрување на ефикасноста на државната администрација.
Покрај тоа, на списокот се и основачот и сопственик на компанијата „Кушнер“ Чарлс Кушнер, инвеститорот Стив Виткоф, сопругата на поранешниот шеф на медиумската корпорација „ТКО Груп“ Линда МекМаксон, директорот на компанијата за финансиски услуги Хауард Лутник и директорот на инвестициската фирма Скот Бесант.