Натпреварот во сурфање, кој се одржува во Француска Полинезија, во рамките на Олимписките игри, на кратко беше прекинат поради појавувањето кит.

Се појави кит во текот на полуфиналето во женска конкуренција меѓу Бразилката Татјана Вестон-Веб и Костариканката Брис Хенеси, на Тахити.

Китот изведуваше различни трикови пред камерата, а потоа замина назад во длабочините, објави „Скај њуз“.

Американката Каролин Маркс го освои златото во сурфање во женска конкуренција, а во машка – Французинот Каули Васт.