Кисела Вода ќе постави надворешни пречистувачи за воздух во парковите

107

Кисела Вода е првата општина која ќе има надворешни пречистувачи за воздух. Тие ќе се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе.

Се работи за пет најсовремени Filter Cube III уреди за надворешна употреба, кои ќе овозможат максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/час, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.

Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија „Екотип“, поставени се и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ „Невена Георгиева-Дуња” во сите училници, со што го прави ова училиште прво на Балканот кое има заштита од вируси од ваков тип.

-Се надевам, дека ова повторно ќе биде пример за другите општини и градот Скопје, сè со цел да се подобри животната средина, чистиот воздух и здравјето на идните генерации – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.