Кирилов: Состојбата на пациентите кои се лекуваат во Бугарија е стабилна, ќе бидат потребни пластични операции

341

„Повредите на сите 15 пациенти од кочанската трагедија, кои се сместени во нашата држава, се стабилни, по сите правила се третирани, но најтежувачка околност е вдишувањето на гасовите – таму лежат дел од проблемите“, рече бугарскиот министер за здравсто Силви Кирилов за novini.bg.

Кирилов изјави дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица од различна возраст, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се под 30, а пет се под 18 години.

„Рано е да се зборува за испуштање, бидејќи прво – имаме отворени рани кои се лечат и најверојатно ќе биде потребна пластична хирургија, и второ – има оштетување на белите дробови и се уште е рано да се каже што, кога и како ќе се случи. Имаме уште многу долг пат“, рече министерот Кирилов.

ИЗДВОЕНИ