Кинез на распит во белградската полиција: По вербална расправија со познаник, замавнал со сатар кон него

55

Во третото Основно јавно обвинителство во Белград е сослушан уапсен државјанин на Кина Г.В. (48), кој се товари дека во Нов Белград ја загрозил сигурноста на С.С. (45), бидејќи по вербална расправа замавнал со сатар кон оштетениот, соопшти Третото основно јавно обвинителство.

Како што се наведува, Г.В. на сослушувањето кај јавниот обвинител го негирал извршувањето на кривичното дело.

„Имајќи го предвид постоењето на околностите кои укажуваат на опасност од бегство, како и тоа дека престојот на слобода би влијаел врз оштетениот и сведоците, на предлог  на Третото основно јавно обвинителство, Третиот основен суд во Белград на обвинетиот Г.В. му одреди притвор во траење до 30 дена“, пишува во соопштението, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ