Кинескиот претседател ја одби поканата на Трамп за инаугурацијата

60
EPA-EFE/KAZUKI KOZAKI

Кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп следниот месец, и покрај тоа што доби лична покана од Трамп по денот на изборите, пишува Newsweek.

Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да го претставуваат Пекинг на настанот на 20 јануари, во согласност со стандардниот дипломатски протокол. На делегацијата би можеле да и се придружат и други кинески претставници, но не и претседателот.

Кинеската амбасада во Вашингтон и тимот на Трамп одбија да ја коментираат одлуката на претседателот.

ИЗДВОЕНИ