Кинеската вселенска агенција (CMSA) и Пакистанската комисија за вселенско и истражување (SUPARCO) потпишаа договор за избор и обука на пакистански астронаути за идните мисии на кинеската вселенска станица Тиангонг.
Договорот претставува значаен чекор во меѓународната соработка на Кина на полето на вселенските програми, а тоа е првпат Кина да избира и обучува странски астронаути за своите вселенски мисии, објави Ројтерс.
Според планот, процесот на селекција ќе биде завршен во рок од една година, по што избраниот пакистански астронаут ќе биде обучен во Кина, а потоа ќе учествува во краткорочни мисии до вселенската станица заедно со кинеските астронаути.