Кина во четвртокот објави дека воведува рестрикции за увоз на холивудски филмови, кои стапуваат веднаш во сила, како одговор на зголемените царини за кинески стоки воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.
Кинеската Национална филмска администрација објави дека умерено ќе го намали бројот на холивудски филмови што ги увезува, притоа почитувајќи го изборот на публиката.
Аналитичарите велат дека финансиското влијание на ова ограничување најверојатно ќе биде минимално бидејќи Кина увезувала 10 холивудски филмови годишно во последните три децении, пренесува Танјуг.