Кина возврати: Царините за Америка 125%

31
EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз од 84 на 125 отсто, возвраќајќи на претходната одлука на Вашингтон, соопшти во петокот Царинската комисија на Државниот совет на Кина.

„На 10 април 2025 година, американската влада објави дека „реципрочните тарифи“ за кинеските стоки што се извезуваат во САД дополнително ќе се зголемат на 125 проценти. Воведувањето на ненормално високи царини на Кина сериозно ги прекршува меѓународните економски и трговски правила, основните економски закони и здравиот разум и е целосно еднострано малтретирање и државотворна одлука.

Царинската комисија објави дека новите стапки ќе стапат на сила утре, 12 април, и дека повеќе нема да одговара на зголемувањата од американска страна.

„Доколку САД продолжат да воведуваат царини за кинески стоки што се извезуваат во САД, Кина ќе го игнорира тоа“, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ