Кинеското Министерство за трговија објави дека воведува царини против САД на повеќе производи како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Да воведе царини за кинеските проиводи. Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува АП.
Кина воведува царина од 15 отсто за јаглен и течен природен гас и 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем обем. Овие царини ќе стапат на сила на 10 февруари.
Администрацијата на Трамп на еден месец ги одложи царините за Мексико и Канада, додека царините за Европската унија се во најава.