Кина му честиташе на Трамп за победата: „Го почитуваме изборот на американскиот народ“

37
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Претседателските избори во САД се внатрешно прашање на оваа земја, а Кина го почитува изборот на американскиот народ, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

„Нашата политика кон САД е конзистентна, ќе продолжиме да ги согледуваме кинеско-американските односи и да управуваме со нив врз основа на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисни акции“, рече Мао.

Претходно денеска кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп прогласи победа на изборите, оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.