Кина денеска соопшти дека нема да обрнува внимание на американската „игра со бројки“ кога станува збор за царините, откако Белата куќа соопшти дека Кина сега се соочува со царини до 245 отсто поради сопствените одмазднички мерки.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека обврските на Кина вклучуваат нова реципрочна царина од 125 отсто, дополнителни 20 отсто за одговор на кризата со фентанил, како и царини меѓу 7,5 и 100 отсто за одредени стоки за нефер трговски практики, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна воведе дополнителни царини за стоки од сите земји, за подоцна да повлече некои од мерките за голем број земји, задржувајќи строги давачки исклучиво за Кина.