Никој нема да победи во трговската војна меѓу Кина и САД, соопшти кинеската амбасада во Вашингтон откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе дополнителни царини.
Трамп најави дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за сите кинески увозни производи кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.
Портпаролот на кинеската амбасада во САД, Лиу Пенгју, изјави дека Кина дека кинеско-американската економска и трговска соработка е заемно корисна, пренесе Ројтерс.
Трамп најави дека новите царини за Кина ќе останат во сила додека не се запре протокот на нелегални дроги од таа земја, особено фентанил, во САД, а Лиу рече дека Кина презела чекори за борба против трговијата со дрога по договорот постигнат минатата година меѓу САД, поточно претседателот Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Кинеската страна ја информираше американската страна за напредокот постигнат во операциите за спроведување на законот поврзани со борбата против трговијата со дрога“, рече Лиу.
Во јуни, главниот кинески обвинител ги повика властите да се фокусираат на борбата против трговијата со дрога.
Во август, неколку дена по состанокот на заедничката работна група за борба против наркотици, Кина соопшти дека ќе ги заостри контролите на три хемикалии потребни за производство на фентанил.
Трамп синоќа најави дека ќе воведе огромни нови царини за производи од Мексико, Канада и Кина веднаш штом ќе ја преземе функцијата, како дел од напорите за сузбивање на илегалната имиграција и трговијата со дрога.