
Англискиот премиерлигаш Њукасл доби сериозна конкуренција во каталонскиот гигант Барселона кога е во прашање потписот на најдобриот стрелец во дресот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Моисес Кин. Репрезентативецот на Италија ќе ја напушти Фиренца ова лето само доколку заинтересираниот клуб ја активира ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 52 мил. евра.