Ким Кардашијан во шок, сака да ги заштити децата: Kанје Вест изјави дека е нацист

26
EPA-EFE/JASON SZENES

Канје Вест уште еднаш предизвика контроверзии со своите објави на социјалната мрежа Х, во кои искажа голем број антисемитски ставови. Неговите изјави наиде на остри реакции во јавноста, а наводно дополнително ја отуѓи неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, која не сака да има никаква врска со оваа ситуација.

Извор близок до реалити ѕвездата откри дека за Ким испадите на Канје се вознемирувачки и се оградила од него:

„Таа е што подалеку од него и не сака ништо да има врска со целата оваа драма поради децата“, пишува PageSix.

Скандалозни изјави на Икс
За време на повеќечасовниот испад на Икса, Канје објави дека го повлекува своето извинување од 2023 година за претходните антисемитски изјави и дополнително ја шокираше јавноста со тврдењето дека е „нацист“ и дека „го сака Адолф Хитлер“.

Во серијата објави од четврток навечер до петок наутро, тој исто така напиша: „Никогаш нема да се извинам за моите коментари за Евреите“.

Поради ваквите објави, некои се отстранети или скриени бидејќи ги прекршиле правилата на платформата Икс и биле означени како „навредливи“.

ИЗДВОЕНИ