Килограм за 40 евра?! Морска сол што ја користат најдобрите ресторани во Европа

224

Грегори и Вирли Маршал се сопственици на Blackthorn Salt, компанија за морска сол. И не би било ништо посебно да немаат производ направен по заборавена процедура, по која се стремат најдобрите ресторани во Европа.

Оваа компанија пред четири години започна со производство на сол на одржлив начин користејќи метод кој вклучува 100 проценти чиста морска вода од западниот брег на Шкотска и структурата Thorn Tower – која ја испарува водата со помош на ветер и ја зголемува концентрацијата на минерали во сол.

Ова е една од последните преостанати структури од ваков вид во Шкотска, која дава нерафинирани кристали со висока чистота и слатко-горчлив вкус со примеси на море и ветер.

Иако брачната двојка Маршал започна со производство пред само пет години во Ершир, солта Blackthorn сега се користи во околу 20 ресторани со Мишелин ѕвезди.

Познатиот британски готвач Џејмс Мартин ја опиша како „најневеројатната сол што некогаш сте ја виделе“.

Може да се додаде во разни супи, чорби, сосови и јадења со месо при термичка обработка, но најдобро е кога се посипува на јадењето непосредно пред послужување. Ќе го подобри вкусот и на десертот – а особено ако се додаде во десерти на база на темно чоколадо.