Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија, соопшти Воената управа на Киев.
„Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Ова е превентивна мерка“, се вели во објавата на каналот Телеграм, пренесува украински Интерфакс.
После тоа, украинската енергетска компанија ДТЕК појасни дека во Киев, како и во регионите на Киев, Одеса, Доњецк и Дњепропетровск, се вршат итни прекини на снабдувањето со електрична енергија.
„Согласно упатството на Укренерго се применуваат превентивни итни прекини на струја. Во случај на промени ќе ве информираме навремено”, се додава во соопштението.
Воздухопловна тревога е прогласена низ цела Украина. Украинското воено воздухопловство соопшти дека полетале руски авиони Ту-95 и МиГ-31.
„Опасност од проектили на целата територија на Украина. МиГ-31К полета… Во воздухот се забележани осум бомбардери Ту-95мс, кои се движат во правец на линиите за лансирање на Каспиското Море“, се наведува во соопштението на воздухопловните сили, пренесува Танјуг.