
Екипата на Спортинг Лисабон е четвртфиналист во Лигата на шампионите. Тимот од Португалија на неверојатен начин освои бод на гостувањето кај Висла Плок (29:29) и го освои второто место на табелата во елитното друштво.
Висла имаше предност од четири гола пред самиот крај (28:24), меѓутоа полскиот тим влегуваше од грешка во грешка, а тоа „лавовите“ го казнија тоа и остнаа непоразени, а тоа за нив беше рамно на победа. Најдобар стрелец кај Спортинг беше Коста со десет гола, а Оливеира запиша четири, додека кај Висла, не помогнаа деветте гола на Миха Зарабец.
По завршувањето на групната фаза познати се сите осминафинални парови. Распоредот во групите го испрати ПСЖ на мегдан со ПИК Сегед, додека Висла ќе се соочи со француски Нант. Останатите два пара се Киелце – Фуксе Берлин и Динамо Букурешт – Магдебург.
Осминафинале: Киелце – Фуксе Берлин, победникот ќе игра со Алборг во четвртфинале, Висла Плок – Нант, победникот игра со Спортинг, ПИК Сегед – ПСЖ, победникот гра со Барселона, Динамо Букурешт – Магдебург, победникот игра ќе игра со Веспрем
Првите натпревари од осминафиналето се играат на 26/27 март, додека реваншите се закажани на 2/3 април.