Словенија се пласира на Европското првенство во ракомет, во 2026 година со две победи над Македонија, а најдобар играч на теренот беше Алекс Влах, кој си обезбеди трансфер.
По двомечот во кој постигна вкупно 17 гола и на двата дуели беше најдобар стрелец, од Алборг се сели во полски Киелце. Влах и тимот на Талант Душебаев ќе соработуваат од следната сезона.
Алборг му излегол во пресрет на Влах и го ослободил една година порано, двете страни имаа договор до 2026 година. Играчот настапуваше за данскиот тим од 2023 година, а претходно беше дел од словенечките Целје и Копер, како и хрватски Загреб. Влах за репрезентацијата на Словенија игра од 2017 година.