КИДНАПИРАН ВОЗ СО 450 ПАТНИЦИ ВО ПАКИСТАН: Напаѓачите пукале во машиновозачот, патниците ги зеле како заложници

46

Возот, во кој имало повеќе од 450 патници, бил киднапиран во југозападната пакистанска провинција Балучистан. Нападот го извршиле вооружени милитанти, кои го раниле машиновозачот и ги зеле патниците како заложници.

„Повеќе од 450 патници во возот се држени како заложници од вооружени лица“, изјави за АФП Мухамед Кашиф, висок железнички функционер во Квета, главниот град на провинцијата.

Возот „Џафар експрес“ се движел од Квета во пакистанската југозападна провинција Балучистан кон Пешавар во Сајбер-Пахтунхва кога бил нападнат со огнено оружје, соопштија железничките власти.

Во соопштението, Ослободителната војска на Белуџистан (БЛА), милитантна сепаратистичка група, ја презеде одговорноста за нападот и рече дека земале заложници од возот, вклучително и членови на безбедносните сили.

Претставниците на провинциската влада и железницата не ја потврдија информацијата за заложниците.

ИЗДВОЕНИ