Полицијата и овој викенд правеше засилени контроли по патиштата низ цела земја, но по она што го соопштува нема ни малку подобрување во сообраќајната култура, туку одговорноста е под задоволителниот критериум. На патот Кичево-Охрид при контрола бил сопрен 31 годишен кичевчанец кој толку многу бил пијан што полицијата го однела во станица, против него е поднесена кривична пријава за „Безобзирно управување со моторно возило”, велат од СВР Охрид.
Полицијата за време на викендот издала 2045 казни, најголем дел од нив 637 биле за брзо возење, за возење без дозвола 225, а пијани биле 146 возачи.
-Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, стои во соопштението на МВР.