Откако Матија Закањи погоди за Италија во последните секунди на дуелот против Хрватска, светските медиуми се почесто пишуваат за него, но и за неговата секси девојка.

Сопругата на херојот на „аѕурите“, чиј гол во 98. минута ѝ помогна на Италија да израмни против Хрватска и со тоа да се пласира во осминафиналето, своевремено беше во врска со Никола Заниоло, кој всушност ја остави за постара девојка. Соиграчот на Закањи од репрезентацијата не е повикан од страна на селекторот Личијано Спалети за ЕУРО 2024.

Тоа, сепак, не го спречува пишувањето за љубовен триаголник на Апенините. Закањи пред неколку дена стана херој на Италија, спасувајќи го актуелниот шампион од евентуална елиминација од шампионатот, но не остана поштеден од потсетувањата на неговиот турбулентен приватен живот.

Напаѓачот на Лацио е, имено, во брак со Кјара, која му роди син, а наскоро ќе има уште едно дете, но пред тоа 26-годишната манекенка и ѕвезда на социјалните мрежи (на Инстаграм има два милиони следбеници) била во врска со Заниоло.