Кевин Костнер веќе заборави на Џеј Ло: Фотографиран е со непозната бринета

26

Познатиот актер и режисер Кевин Костнер, кого медиумите неодамна го поврзуваа со Џенифер Лопез, се појави во лежерна комбинација – тесна беж маичка, сиви фармерки и патики, во придружба на непозната дама. Двојката беше забележана на ручек во Лос Анџелес, што веднаш ги поттикна гласините за нова жена во неговиот живот. Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Средбата доаѓа откако Костнер претходно беше поврзуван, меѓу другите, и со Џенифер Лопез, со која беше виден во продавница во Аспен во декември минатата година, што предизвика гласини за можна врска.

Интересно е тоа што Лопез е позната како голем обожавател на серијата ‘Yellowstone’ во која до неодамна глумеше Костнер, што наводно многу му пречело на нејзиниот тогашен сопруг Бен Афлек.

Според извори блиски до Лопез, ѕвездата сепак не е заинтересирана за мажи како Костнер, туку повеќе за некој како ликот Рип Вилер од истата хит серија.

„Кевин нема никого во моментов и не бара врска“, изјави извор за магазинот People во јануари, додавајќи дека актерот се фокусира повеќе на дружење со пријателите и семејството.

Костнер е татко на седум деца, од кои трите најмлади ги дели со поранешната сопруга Кристин Баумгартнер. Нивниот развод, кој беше финализиран во февруари годинава, го одбележаа тешки расправии околу имотот. Минатата година актерот ги демантираше и гласините за врска со пејачката Џевел.

ИЗДВОЕНИ