На крајот од судењето обвинетиот Влатко Кешишев , кој на писмено напиша изјава дека Палевски не е убиец, денеска рече дека Палчо на сила го натерал да ја препише и да ја потпише изјавата. Му ја дал на лист, додека се возеле во транспортното комбе од затворот до судот. Му рекол да ја препише да ја потпише и да ја предаде преку судската полиција до судот. На прашање на судијата зошто го послушал, Кешишев одговори – од страв. Судот му предочи ако има притисоци да го извести судот . (П.А)