Младиот лев бек на Бурнемаут, Милош Керкез, се најде во центарот на вниманието на најголемите европски фудбалски клубови. Според последните информации, Ливерпул во моментов е фаворит за неговиот потпис и покрај интересот од Манчестер сити и на Реал Мадрид.
Откако пристигна во Бурнемаут од АЗ Алкмар во 2023 година, Керкез одигра 69 натпревари и постигна два гола со пет асистенции, што го прави клучен играч во тимот. Неговите извонредни игри не останаа незабележани, па клубовите како Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер сити ќе се обидат до го обезбедат во текот на летниот трансфер-рок.
Од Бурнемаут одредија цена од околу 45 милиони фунти за Керкез, што е пазарната вредност што се подготвени да ја прифатат во летниот преоден рок.