Ќерката на серискиот силувач Доминик Пеликот го обвини осудениот татко: Ме дрогираше и злоставуваше!

235
EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Ќерката на осудениот француски силувач Доминик Пелико, познат како „Монструмот од Авињон“, во четвртокот објави дека и таа била меѓу жртвите на нејзиниот татко.

Керолин Даријан (46) го обвини нејзиниот татко дека ја злоставувал цела деценија и дека претходно ја дрогирал додека не се онесвестила, објави во четвртокот францускиот канал BFMTV, повикувајќи се на жалба поднесена до обвинителството во Версај.

Во декември, Пеликот беше осуден на 20 години затвор по судењето во Авињон што стана насловни страници низ светот. Во период од речиси една деценија, пензионерот постојано ја дрогирал својата тогашна сопруга Жизел, ја малтретирал и ја силувале десетици непознати лица. Судот осуди 50 сообвинети на затворски казни од три до 15 години.

Инспекторите пронајдоа фотографии од неговата ќерка меѓу видеата што ги сними Пеликот, но не најдоа директни докази за нејзиното злоставување, што тој жестоко го негираше. Судот, сепак, го осуди за нарушување на приватноста на неговата ќерка со правење сексуално експлицитни фотографии.

Жизел Пелико минатата година стана феминистичка хероина затоа што инсистираше на јавно судење на нејзиниот поранешен сопруг. Тој беше осуден на 20 години затвор за дрогирање и силување, како и поканување на десетици мажи да ја силуваат додека таа била во несвест во нивниот дом на југот на Франција, во текот на речиси една деценија од нивниот брак.

Вкупно 50 мажи, меѓу кои медицински техничар, војник, новинар и затворски чувар, беа осудени за силување, обид за силување или сексуален напад откако Доминик Пелико контактирал со мажите преку Интернет и ги повикувал да ја силуваат неговата дрогирана сопруга.

„Водиме иста борба“, рече Жизел Пелико, откако беа осудени нејзиниот поранешен сопруг и силувачи

ИЗДВОЕНИ