Керолин Даријан, ќерката на Доминик и Жизел Пелико, поднесе тужба против нејзиниот татко, обвинувајќи го дека ја дрогирал и силувал, што тој секогаш го негирал.

Минатиот декември, Доминик Пелико беше осуден на 20 години затвор затоа што ја дрогирал својата поранешна сопруга Жизел, ја силувал и поканил десетици мажи исто така да ја злоставуваат во текот на речиси една деценија.

Пелико ги снимал силувањата на неговата сопруга и зачувал стотици видеа на својот хард диск.

Меѓу пронајдените снимки имало и две фотографии од неговата ќерка, на кои, како што тврди Даријан, таа е очигледно во безсвест, спие во непозната положба и носи долна облека што не ја препознава.

Доминик Пелико дал контрадикторни објаснувања за фотографиите, но секогаш негирал дека сексуално ја злоставувал ќерката.

Даријан долго време тврди дека фотографиите се доказ дека нејзиниот татко ја дрогирал и силувал, исто како што правел и со нејзината мајка.

  • Знам дека ме дрогирал, веројатно поради сексуална злоупотреба, но немам докази, изјави таа за „Би-Би-Си“, зборувајќи за шокот кога полицијата првпат и ги покажала фотографиите.

Полицијата сега ќе започне истрага, а подоцна обвинителството ќе одлучи дали ќе покрене правна постапка.

Разговорот на Даријан со нејзиниот татко беше еден од најдраматичните моменти за време на 16-неделното судење на Доминик Пелико и 49 други мажи што ја шокираше Франција и светот.

  • Никогаш не те допрев, никогаш. Лажеш, ѝ рекол Пелико на својата ќерка за време на сослушувањето.

ИЗДВОЕНИ