Ќерката на познатата германска манекенка Хајди Клум, Лени, пристигна во Виена каде присуствуваше на бал во Градската опера.
Лени се повеќе е предмет на медиумско внимание и наскоро се заканува да ја засени својата позната мајка кога станува збор за изгледот и популарноста.
Во Виена ја придружуваа Кендис Свенпул и Ед Вествик.
Сепак, и покрај се, целото внимание го украде Лени, која се појави во фустан со светки и со својот сериозен израз ги хипнотизираше сите околу себе.
Долгиот тесен фустан одлично го истакна тенкиот струк на оваа убавица, а нејзиниот избор на накит ги привлече сите погледи.
Со оглед на тоа дека целиот фустан е покриен со светки, многумина би се одлучиле за полесна верзија кога се во прашање деталите, но не и Лени. Таа имаше впечатливо ланче, но и нараквица и прстен.