Нова трагична вест ни доаѓа од светот на атлетиката. Имено, поранешниот африкански шампион на 3.000 метри стиплчез, Клемент Кембои, е пронајден мртов во градот Итен во Кенија, а според првичните информации постои сомнеж за самоубиство.

Полицискиот командант Елгејо Маравет Питер Мулинге истакнува дека 33-годишниот спортист најверојатно сам си пресудил, бидејќи истрагата покажува дека и претходно се обидел да се самоубие.

Командантот откри дека истрагата открила дека тој го продал најголемиот дел од својот имот и се коцкал за да дојде до пари, но очигледно не успеал.

  • Извештаите покажуваат дека тој бил длабоко депресивен и фрустриран по завршувањето на неговата тркачка кариера, истакна Мулинге.

Мулинге истакна дека телото на несреќниот Кембои било пронајдено врзано за дрво на фарма која припаѓа на средно училиште.

Ова е петта смрт на кениски спортисти за само еден месец, откако минатата недела почина Самсон Кенеди откако беше нападнат од непознати лица. Потоа Вили Челава беше пронајден мртов во тренинг кампот, додека Илајџа Биток почина на 64-годишна возраст, а пред два дена се простивме и од Кипјегон Бет.

Инаку, Кенијците се познати како најдобри маратонци и атлети на долги патеки, а за тоа најдобро говори и неделниот маратон кој се трчаше во Скопје, каде што победи Хилари Чимвено, додека втор беше Даниле Кипротич. Кај дамите, пак победи, нивната сонародничка Ирене Џеруто.