Кејт Винслет во мрежа на сомнежи и мрачни тајни поради фатална сообраќајна несреќа

55

Кејт Винслет е една од светските актерки од А-класа. Досега имавме можност да ја гледаме во различни улоги. По сериите „The Regime“ и „Mare of Easttown“, во кои се истакна, на ред е нова.

Овој пат станува збор за серијата „The Spot“ која ќе се емитува на сервисот Hulu. Заплетот ќе ја следи приказната за успешен хирург, кој го игра Винслет, и нејзиниот сопруг, учител.

Совршениот живот почнува да се распаѓа кога се појавуваат сомневања дека таа е одговорна за фатална сообраќајна несреќа. Како што се развива приказната, нивната потрага по вистината станува комплексна сплетка од сомнежи, мрачни тајни и внатрешни конфликти.

Во исто време, дејството на приказната го тестира не само нивниот брак, туку и нивните граници пред можна вина и предавство.

Ед Соломон, сценарист е познат по неговата работа на франшизите „Men in Black“ и „Bill & Ted“. Исто така, на серијата на HBO „Mosaic“.

Покрај улогата, Винслет ќе биде извршен продуцент на овој проект.

Серијата ќе биде произведена во соработка помеѓу А24, реномирана продукциска куќа позната по својот иновативен пристап во филмовите и сериите, и 20th Television.

Како што се приближува на своето деби серијата „The Spot“, возбудата меѓу обожавателите и критичарите расте. Тоа е еден од најочекуваните телевизиски проекти во блиска иднина.