Кејт Мидлтон по божиќната миса ја прегрна оваа жена: Цели 20 години се борела…

601

Британската принцеза Кејт разговараше со пациент од рак и ја прегрна по традиционалната божиќна миса со кралското семејство, откако и самата издржа тешка година со дијагноза на рак.

Принцезата Кејт и принцот Вилијам заедно со нивните деца принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6), им се придружија на кралот Чарлс III и кралицата Камила на кратката прошетка од замокот Сандрингам до црквата Света Марија Магдалена.

На Чарлс оваа година му беше дијагностициран и рак.

„Преживеав 20 години рак“
Многу добронамерници дојдоа да ги поздрават, а некои ја поминаа ноќта таму за да го видат кралското семејство на нивната прошетка до црквата во Норфолк.

По богослужбата, која траела околу 45 минути, Кејт ја прегрнала 73-годишната Карен Меклин, од Северен Линколншир, која изјавила дека преживеала „20 години рак“ додека разговарала со принцезата и кралот за болеста.

Таа рече дека Чарлс и Кејт изгледаат „всушност добро, со оглед на тоа низ што минуваат“.

Вилијам ја опиша изминатата година, во која неговата сопруга и татко се лекуваа од рак, како „брутална“. Тој рече дека 2024 година е „веројатно најтешката година во (неговиот) живот“ и „страшно“ искуство.

Таа го заврши лекувањето во септември
За потсетување, Кејт подложеше на голема операција на абдоменот, по што лекарите објавија дека откриле рак и ја советуваа да оди на превентивна хемотерапија.

Во септември таа објави дека го завршила лекувањето, но дека нејзиниот пат до целосно закрепнување ќе биде долг.

Неодамна, враќајќи се на своите службени должности, таа и принцот Вилијам се сретнаа и се поздравија со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани и со првата од неговите три сопруги Шеиха Џавахер во Лондон.